Го живееме олимпискиот дух на Радовиш
Место каде што талентот расте, тимот победува, а заедницата стои зад секој чекор.
Историски остварувања и резултати
БК Бучим Радовиш од Радовиш е еден од најтрофејните и најпрепознатливи боречки клубови во Македонија, со традиција што трае повеќе од шест децении.
Клубот во своето деби во Купот на европските шампиони ги елиминираше Фиаме Оро (Италија) и Чепел (Унгарија) за да стигне до финалето.
Куп на Европски Шампиони 1995
Клубот освои Интерконтинентален куп во 1996 година и стана светски клупски шампион.
Борачкиот клуб има реализирано вкупно 11 меѓународни и регионални натпреварувања.
Национални и меѓународни
На Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година го освои бронзениот медал, со што стана првиот олимписки медалист на Македонија како независна држава.
Нацинална и интернационална поврзаност
Македонската национална боречка асоцијација е редовен член на UWW, а во нејзиниот состав е и Боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш (BK Bucim Radovis).
Светски Шампиони
Во ноември 1996 година во Радовиш, БК Бучим Радовиш го освои Интерконтиненталниот светски куп, натпреварување организирано по одлука на ФИЛА на кое учествуваа клупските шампиони на Европа, Америка, Африка и Азија. По убедливи победи над јапонскиот Нихон (8-2) и нигерискиот Риверс (9-1) во елиминационите рунди, радовишкиот клуб се пласираше во финалето каде пред шест илјади гледачи го совлада американскиот тим на Дејвид Шулц со резултат 26-15. Со оваа историска победа, во која се истакнаа Соколов, Жилцов, Калајџиев, Куртанидзе, Танчев и Миленов, БК Бучим Радовиш беше прогласен за најдобра боречка екипа во светот, совладувајќи ги претставниците на Токио, Вашингтон, Лагос и другите светски метрополи.
Европски Шампиони
Во 1995 година, БК Бучим Радовиш за прв пат настапи во Купот на европските шампиони и веднаш го освои трофејот. По убедливи победи над италијанскиот Фиаме Оро (10-0 и 8-2) и унгарскиот Чепел (6-4 и 7-3), радовишкиот клуб се избори за правото да биде домаќин на финалето, каде пред преполна арена од шест илјади гледачи го дочека турскиот Тедаш. Во драматично финале на 28 октомври 1995 година, по преокрет и клучни победи на Верхушин, Модосјан, Хагуров, Голубовски и ветеранот Данчо Вучков кој го задржа тогашниот светски и европски шампион Демир Махмут, БК Бучим Радовиш победи со 19-17 и се прогласи за европски клупски шампион, запишувајќи една од најсветлите страници во историјата на македонскиот спорт.
Олимписки блесоци
Шабан Сејди беше првиот борач од Македонија кој освои олимписки медал, освојувајќи бронза на Олимписките игри во Москва во 1980 година, а потоа ја повтори таа успешност и во Лос Анџелес во 1984 година. Шабан Трстена стана олимписки шампион во Лос Анџелес 1984 година и сребрен медалист во Сеул 1988 година, станувајќи најуспешен натпреварувач во историјата на македонското борење и носител на титулата „Спортист на векот”. Магомед Ибрагимов пак, настапувајќи за БК Бучим Радовиш, на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година го освои бронзениот медал, со што стана првиот олимписки медалист на Македонија како независна држава.
1980
Москва
1984
Лос Анџелес
1988
Сеул
2000
Сиднеј
